Фамафлекс - лидер на пазарот за лична заштитна облека и ХТЗ опрема потребна за работа.
ЗА НАС

ФАМАФЛЕКС е компанија основана на 2 јануари 2005 година во Скопје. 

Наша основна дејност, веќе 20 години, е грижата за нашите корисници, преку обезбедување на сигурна и квалитетна ХТЗ опрема за лична заштита и безбедност при работата. 

Во асортиманот на Фамафлекс застапени се производи од водечки европски компании во доменот на заштитата при работа. Нашите производи се одликуваат со препознатлив квалитет и претставуваат сигурен избор за безбедно работење. 

Во делот на производството, Фамафлекс произведува висококвалитетни воени и полициски униформи, како и друга работна ХТЗ облека за сите дејности.

 

 
Познати сме по тоа што размислуваме “надвор од кутијата” и одиме чекор повеќе за нашите клиенти – и сакаме оваа репутација биде составен дел од вредноста на нашиот бренд низ целото наше постоење. За да го обезбедиме ова, нашиот бизнис продолжува да се темели на квалитетна и навремена услуга, знаење, сигурност и пристапност на производите.
НАШАТА ВИЗИЈА
 
Се стремиме да испорачаме целосно решение, индивидуално приспособено на секој клиент и секој пат да обезбедиме исклучително високо ниво на услуга. Квалитетот и услугата се на прво место кај секој вработен во компанијата и се дел од културата на нашата компанија.
Обезбедување на
максимална заштита при работа во здрава работна средина, преку грижа за нашите клиенти и нивните потреби, се составен дел од нашата работа и се од клучно значење за исполнување на нашата визија.
 
 
 
НАШАТА МИСИЈА
 
Наша цел од самиот почеток е да бидеме очигледен и сигурен избор на добавувач за компаниите кои бараат лична заштитна ХТЗ опрема и работна облека. Нашиот деловен концепт е развиен врз основа на задоволни клиенти и здрава економија и е резултат на долгогодишното искуство како специјализиран добавувач на голем број компании. Основата се нашите компетентни и посветени вработени и нивната способност да се усогласат со мисијата на нашата компанија како стабилен партнер.
20+
ГОДИНИ
30+
БРЕНДОВИ
400+
ПРОИЗВОДИ
1000+
КЛИЕНТИ